ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на регионалниот пат Кавадарци – Мушов гроб

ВМРО-ДПМНЕОваа делница во должина од 16,3 км, со ширина на коловоз од 6 метри, поминува и преку локални патишта се поврзува со неколку населени места и тоа: Ваташа, Дабниште, Бегниште, Косани, Горниково, Драгозел, Ресава и Страгоево. Вредноста на проектот е 2,6 милиони евра, а средствата се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој, како и дел од национално конфинансирање од Буџетот на Република Македонија. [Рок: јуни 2012]

Образложение:

Реконструкција на регионалниот пат Кавадарци –Мушов гроб е започната, а како потврда за почетокот имаме како и од Општина Кавадарци, така и од граѓаните на општината. На почетокот на ноември 2012 година, градежните работи се прекинати поради пробивање на роковите од страна на изведувачот.

На 8 февруари, 2013 година, на веб-локацијата на ЕБОР е објавен тендер за изградба и реконструкција на регионални патишта, меѓу кои е и регионалниот пат Кавадарци – Мушов гроб. Тендерот е отворен до 29 март, 2013 година, а според изјавите на официјалните лица, регионалниот пат Кавадарци – Мушов гроб треба да биде завршен до крајот на 2013 година.

Линкови:

tp://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/kavadarechkiot-gradonachalnik-panov-dade-otchet-za-srabotenoto” target=”_blank”>Кавадаречкиот градоначалник Панов даде отчет за сработеното [Пристапено на: 13.02.2013]

  • Дума (06.11.2012): Тргнати градежните машини од патот Кавадарци-Мушов гроб [Пристапено на: 13.02.2013]
  • Build.mk (14.07.2012): До крајот на годинава ќе се завршат 74 километри регионални и 176 километри локални патишта [Пристапено на: 13.02.2013]
  • Сител (14.07.2012): Ѓоргиев: 176 километри локални и 74 километри регионални патишта до крајот на годината [Пристапено на: 13.02.2013]
  • Сител (26.01.2013): Пуштена во употреба делницата Сурдулица – Радичево на магистралниот пат Штип – Струмица [Пристапено на: 13.02.2013]
  • Build.mk (08.02.2013): Распишан тендер за реконструкција на четири регионални патишта [Пристапено на: 13.02.2013]
  • European Bank for Reconstruction and Development (08.02.2013): Project: Rehabilitation and Improvement of Regional Roads [Пристапено на: 13.02.2013]
  • Оценето од: Марија Теговска

    zp8497586rq
    zp8497586rq

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

    Реакциите се онеспособени за овој пост