ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на универзалната сала или изградба на нов објект

Со реализацијата на овој проект, Скопје ќе добие нов репрезентативен центар каде што ќе се реализираат разновидни програмски содржини и голем број активности од областа на културата и уметноста. Носител: Локална установа – Универзална сала – Скопје. [Рок: 2014 година*]

Образложение:

На 20.08.2012 година владиниот портпарол изјави дека: „Владата одлучи да почне со реализација на проектот за комплетна реконструкција и доградба на Универзална сала во Скопје,  за чија реализација  Владата обезбеди 400 милиони денари, средства од буџетски извори. Проектот се очекува да се реализира во период не подолг од 18 месеци од почетокот на градбата, која би почнала кон крајот на годината“

На 04.12.2013 година Министерката за култура  соопшти дека е избрано идејното решение за новата концертна сала која ќе се гради на местото на сегашната Универзална. Таа ќе биде во форма на јајце, ќе има голема сала со 2.500-3.000 седишта, мала сала со околу 300 места и административни простории.

Идејно решение на Универзална сала

На истата прес-конференција министерката кажа дека: „во декември ќе биде објавен тендер за избор на проектантска фирма која ќе треба да ги изработи сите проекти кои се неопходни за добивање на одобрение за градба. Паралелно ќе се објави и тендер за избор на фирма која ќе врши ревизија на проектите”.  Според прогнозите на министерката почеток на проектот се очекува во првото тромесечје на наредната година (2014), откако ќе се изберат фирмите за проектирање и ревизија на проектот.

Сепак, оттогаш јавноста нема никакви информации до каде е постапката со изработката на проектот за новата Универзална сала.

Според ветувањата, салата требаше да биде готова до крајот на 2014 година, а реализацијата на овој проект беше дел и од предизборните ветувања дадени за периодот од 2008-2011 година.

Имајќи го сето ова предвид, ветувањето за нова Универзална сала е неисполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција