ВМРО-ДПМНЕ: Реконстуркција на регионален пат Струга – Дебар

ВМРО-ДПМНЕРеконструкцијата на оваа делница во должина од 27 км со ширина на коловоз од 6 метри, ги поврзува градовите Дебар и Струга, како и населените места Отишани, Џепиште, Велешта и Враништа кои гравитираат кон оваа делница. Вредноста на проектот е 4,6 милиони евра, а средствата се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој, како и дел од национално конфинансирање од Буџетот на Република Македонија. [Рок: јуни 2012]

Образложение:

Последните податоци достапни на интернет за реконструкција на регионалниот пат Струга – Дебар датираат од 8 септември 2010 година, кога биле реконструирани 24,2 км од оваа делница.

Во септември, 2012 година започната е реконструкција на делот Струга-Вевчани.

На 8 февруари, 2013 година, на веб-локацијата на ЕБОР е објавен тендер за изградба и реконструкција на регионални патишта, меѓу кои е и регионалниот пат Струга – Дебар. Тендерот е отворен до 29 март, 2013 година, а според изјавите на официјалните лица, регионалниот пат Струга – Дебар треба да биде завршен до крајот на 2013 година.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

zp8497586rq

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Реакциите се онеспособени за овој пост