ВМРО-ДПМНЕ: Ремонт на железничката пруга Ногаевци – Градско – Неготино

vmro-dpmneОвој зафат е дел од проектот за ремонт на три делници од железничкиот Коридор 10, со средства обезбедени од Европската банка за обнова и развој. Реализацијата на овој проект е во насока на зголемување на безбедноста, како и зголемување на брзината на движење на возовите до максимални 120 km/h на делницата во должина од 30 км. Буџет: 9.400.000 евра [Рок: 2014 година]

 

Образложение:

Реконструкцијата на пругата Ногаевци – Неготино почна на 27 декември 2013 година. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, тогаш изјави:

Ме радува фактот што со овој ремонт ќе се постигне зголемување на брзината на самите возови, а намалувањата од 30 до 50 км на час на одредени сегменти од пругата кои беа неминовни, нема да бидат потребни. Просечната брзина ќе изнесува од 100 до 120 километри на час“. [ Ажурирано на: 17.03.2015]

Во Отчетот за 2014 година на Министерството за транспорт  на страна 34 за проектот: „Модернизација и електронаска наплата на патарините “, меѓу другото  е наведено:

 

„Во тек се градежните активности кои предидуваат реконстуркција на оваа делница со должина од 31 километар. Проектот предвидува замена на старите и дотрајани дрвени прагови со нови армирано-бетонски, замена на шини и подобрување на параметрите на горниот и долниот строј од пругата. Вредност на проектот изнесува 9,4 милиони евра. Се предвидува реконструкцијата да заврши 2015 година.“[ Ажурирано на: 17.03.2015]

 

Иако се преземени одредени активности во насока на реализација на проектот, но со оглед на тоа дека веќе е пробиен рокот за завршување на  ремонтот на пругата ( 2014 година), ова изборно ветување е  делумно исполнето.

 

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција