ВМРО-ДПМНЕ: Реновирање на подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Ќе ги реновираме објектите на 10-те најголеми подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во „најземјоделските“ региони заради обезбедување на соодветни просторни и технички услови за прием на земјоделците при аплицирањето и услови за работа на вработените. [Рок: февруари 2012]
Образложение:
Оваа активност требаше да биде опфатена со проектот Macedonia, former Yugoslav Republic of – Agriculture Strengthening and Accession Project : P101216, финансиран од страна на Меѓународната банка за обнова и развој. Сепак, според последниот извештај на оваа институција во врска со наведениот проект, од јуни 2012 година, поради необезбедување на финанскиски средства, ова активност беше отфрлена од проектот. Од ова може да се заклучи дека ветувањето за реновирање на подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е неисполнето. [Ажурирано на: 24.09.2012]
Линкови:
- Светска Банка: Меѓународна банка за обнова и развој (27.06.2012): Macedonia, former Yugoslav Republic of – Agriculture Strengthening and Accession Project : P101216 – Implementation Status Results Report : Sequence 09 (English). [Пристапено на: 24.09.2012]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар