ВМРО-ДПМНЕ: Реорганизација на Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот

Реорганизација на Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот во Македонска национална туристичка организација, чија единствена цел ќе биде спроведување на стратегијата за развој на Македонскиот туризам во соработка со Владата на РМ, деловната заедница и локалната самоуправа и со која ќе раководи докажан менаџер од туристичкиот сектор. Носител: Министерство за економија [Рок: јуни 2012]

Образложение:

Со донесувањето на измените на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот завршен е процесот на реорганизација на Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот. [Ажурирано на: 24.09.2012]

Агенцијата за промоција на туризмот се уште постои и не е направена реорганизација. Нејзината веб-локација се уште е активна, а постои и програма за работа за 2013 гоина, што потврдува дека агенцијата за промоција и поддршка на туризмот постои таква каква што е и ветувањето не е исполнето. [Ажурирано на: 01.08.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција