ВМРО-ДПМНЕ: Ромски информативни центри
Отворивме 9 Ромски информативни центри заради доближување на институциите на системот до граѓаните од ромска националност. Во следниот период ќе отвориме 2 дополнителни ромски информативни центри. [Рок: 2012 – 2013]
Образложение:
Досега е отворен еден нов ромски информативен центар во Шуто Оризари, а најавено е отворање на уште еден во Виница. [Ажурирано на: 07.09.2012]
Во јули 2013 година во Берово беше отворен ромски Информативен центар. [Ажурирано на: 12.04.2014]
Изборното ветување „Ромски информативен центар“ е исполнето.
Линкови:
- Sky.mk (23.12.2011): Министерот Ристовски го отвори 10-от Ромски информативен центар. [Пристапено на: 10.09.2012]
- Канал 8 Телевизија (05.09.2012): Ромите во Виница ќе добијат информативен центар. [Пристапено на: 10.09.2012]
- Региони (28.07.2013): Берово доби ромски Информативен центар [Пристапено на: 12.04.2014]
- YouTube: (23.12.2011) Шуто Оризари доби одделение за социјални работи и Информативен центар [Пристапено на: 12.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар