ВМРО-ДПМНЕ: Рудник за јаглен и термоелектрана во Мариово
Главниот проект ќе биде готов во текот на 2012 година, и со добиените резултати ќе биде изготвена физибилити-студија за изградба на нова термоелектрана од 250-300 МW. Врз основа на овие резултати, во текот на 2013 година ќе биде дефинирана и динамиката на реализирање на овој проект, чија вредност иницијално е проценета на околу 400-450 милиони евра. [Рок: 2012 за главниот проект, 2013 за дефинирање на новиот проект]
Образложение:
Според изјавата на првиот човек на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, изработката на главниот проект за рудникот во Мариово е во завршна фаза, што значи дека проектот се уште не е завршен. Со оглед на тоа дека рокот за изготвување на главниот проект беше 2012 година, овој дел од ветувањето се оценува како делумно исполнет. [Ажурирано на: 17.01.2013]
Линкови:
- Курир (17.01.2013): Бошковски: Инвестираме за да обезбедиме стабилна енергетска иднина. [Пристапено на: 17.01.2013]
Резултат: Делумно исполнето за главниот проект
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар