ВМРО-ДПМНЕ: Рудник за Јаглен во Поповјани
До средината на 2012 година, планирано е да ги реализираме деталните геолошки истражувања и во рудникот за јаглен Поповјани, по што би следеле активности за отворање нов рудник со кој би се снабдувала термоелектраната Осломеј со потребните количини лигнит. Од овој рудник, за потребите на ТЕЦ Осломеј ќе се ескплоатираат до 1 милион тони јаглен годишно. За отворање на рудникот ќе вложиме финансиски средства во износ од 40 милиони евра, од кои 34 милиони евра ќе се обезбедат преку кредитно задолжување, а останатите средства ќе бидат обезбедени со сопствено учество на АД ЕЛЕМ. Рудникот ќе го отвориме во периодот 2013-2015 година. Покрај тоа, ќе отпочнеме проект и за ревитализација на останатата опрема во термоцентралата Осломеј, каде ќе инвестираме дополнителни 20 до 30 милиони евра. Со тоа ќе се подобри ефикасноста на електраната и ќе се продолжи нејзиниот работен век. [Рок: 2015]
Образложение:
Заклучно со март 2014 година, рудникот за јаглен Поповјани сеуште не е отворен. Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија за периодот од 2011 до 2014 година, страна 89, се потврдува дека овој проект не е реализиран. Според тоа, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 03.04.2014]
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Електрани на Македонија (ЕЛЕМ): Постоечки објекти. [Пристапено на: 03.04.2014]
- ВМРО-ДПМНЕ: Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014 [Пристапено на: 03.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар