ВМРО-ДПМНЕ: Рудник за јаглен во Живојно
Во текот на 2012 ќе ги завршиме и истражувањата за нов рудник за јаглен во Ж ивојно, кој е неопходен за продолжување на животниот век на РЕК Битола. Ова ќе биде прв рудник во Македонија, каде јагленот ќе се вади преку подземен јамски коп. Почетните проценки се дека геолошките резерви се околу 108 милиони тони јаглен, а ЕЛЕМ изработи и ревидира проект за детални геолошки доистражувања. До крајот на 2011 година ќе бидат започнати дополнителните истражни работи, а до крајот на 2012 ќе биде изработен и Главниот проект за отворање на рудникот. Сегашните проценки се дека во овој рудник, ЕЛЕМ ќе инвестира околу 100 милиони евра, а реализацијата ќе започне во 2013 година. [Рок: 2012]
Образложение:
Според информациите од ЕЛЕМ, под чија надлежност е наоѓалиштето за јаглен во Живојно, во текот на 2011 година беа отпочнати истражните работи за кои беа инвестирани 2,8 милиони евра. Овие истражувања завршија кон крајот на 2012 година со изработка на елаборати за рудните резерви. Сепак, се доцни со изработката на Главниот проект за отворање на рудникот, кој се уште не е завршен, иако рокот за тоа веќе е истечен. Според тоа, може да се заклучи дека ова ветување е само делумно исполнето. [Ажурирано на: 17.01.2013]
Линкови:
- Плус Инфо (14.01.2013): ЕЛЕМ може да инвестира 100 милиони евра во наоѓалиштето на јаглен Живојно. [Пристапено на: 17.01.2013]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар