ВМРО-ДПМНЕ: Скијачка патека на планината Водно
Во соработка со градот Скопје ќе овозможиме изградба на скијачка патека на планината Водно, со која граѓаните на Скопје и околината во текот на зимската сезона, ќе можат да yживаат во убавините на скијачкиот спорт. [Рок: 2013]
Образложение:
Според изјавата на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, избран е консултант кој веќе ја изработил студијата за оправданост на проектот и во тек е тендерската документација за избор на концесионер кој што ќе треба да ги изгради патеките. Тендерот треба да се распише најдоцна до јануари 2012 година. [Ажурирано на: 21.12.2011]
Тендерот за избор на концесионер за иградба и управување со скијачката патека на Водно е распишан на почетокот на 2013 година, со задоцнување од една година од претходно предвидениот рок. Дополнително, овој проект е влезен во новата програма на скопскиот градоначалник Коце Трајановски за локалните избори во 2013 година, и според последните информации се очекува да биде завршен до 2016 година. Според ова, може да се заклучи дека ова ветување не е исполнето. [Ажурирано на: 11.02.2013]
Линкови:
- Плус Инфо (28.10.2011): Ски патеката на Водно сепак ќе се гради. [Пристапено на: 21.12.2011]
- Курир (04.02.2013): Коце Трајановски ќе гради нов Луна парк и Ски патека на Водно. [Пристапено на: 11.02.2013]
- Официјален портал на град Скопје: Оглас за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба, управување, користење, и одржување на ски патека на Водно кое се остварува како концесија за јавна работа бр. 003/2013. [Пристапено на: 11.02.2013]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар