ВМРО-ДПМНЕ: Слобода на медиумите

Ќе предложиме со заокружување на правната рамка заради обезбедување на услови во кои институциите надлежни за контрола и регулација на медиумите ќе воспостават непречена и неселективна примена на регулативата за да се овозможи еднаква и фер позиција за сите медиуми на пазарот, ќе се обезбеди почитување на Законот за работни односи и социјалните права на новинарите во сите електронски и печатени медиуми, а во функција на јакнење на независноста и професионалноста на медиумите, транспарентноста на сопственоста ќе биде придружена со транспарентност на изворите на финансирање. [Рок: континуирано]

Образложение:

Според последниот извештај на влијателната светска асоцијација, Репортери без граници, Република Македонија бележи пад од 22 места на листата на оваа организација и сега се наоѓа на многу ниското 116 место, во друштво на земји како Катар, Нигерија, Непал и Венецуела во однос на слободата на медиумите во државата.

Ако се забележи прогресот во последниве неколку години, воочливо е дека Република Македонија бележи постојан пад на оваа листа, од 34 место во 2009 година, на 68 место во 2010, 94 место во 2011, и 116 место на последната листа за 2012 година. Според тоа, може да се заклучи дека ова ветување, барем засега*, се оценува како неисполнето.

Слобода на медиуми: Македонија

*Со оглед на тоа дека рокот за ова ветување е континуирано, доколку има промени во ситуацијата до крајот на мандатот, оцената ќе се корегира. [Ажурирано на: 03.02.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција