ВМРО-ДПМНЕ: Сончева енергија во домовите

Во делот на стимулативните мерки за користење на сончевата енергија во домаќинствата, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со веќе потврдената практика и секоја година ќе субвенционира дел од средствата за инсталирање на соларен термален систем со кој ќе се обезбедува евтина топла вода за најмалку 500 домаќинства. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Оваа мерка беше воведена за 2012 година и изнесуваше 30% од вкупната инвестиција, но не повеќе од 300 евра. Истата мерка е најавена и за 2013 година, а за таа цел во буџетот се одвоени 6 милиони денари. [Ажурирано на: 24.04.2013]

Владата и во 2013 и во 2014 година објави дека ќе го субвенционира инсталирањето на сончеви колектори во домаќинствата, со надомест од 30 отсто од трошоците, односно од вредноста на колекторот или максимум 18 илјади денари. [Ажурирано на: 06.04.2014]

Со оглед на тоа, може да се каже дека ветувањето : „Сончева енергија во домовите е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција