ВМРО-ДПМНЕ: Соработка со Европскиот суд за човекови права
Во новиот мандат ќе продолжиме со соработката со Европскиот суд за човекови права преку унапредување на правната рамка, спроведување на пресудите на судот во случаите во кои Република Македонија се јавува како тужена страна, како и превод на одлуките на ЕСЧП на македонски јазик и нивно објавување на веб-страницата. [Рок: континуирано]
Образложение:
Според информациите, спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Република Македонија бележи позитивна еволуција.
На трети октомври 2012 година беше презентирана Збирка на 27 референтни пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).
Во март 2013 година беше промовирана публикација со нови преведени 20 пресуди на Европскиот суд за човекови права.
На први октомври 2013 имаше промоција на публикацијата „Збирка на пресуди на Европскиот суд за човекови права, по членот 10 – слобода на изразување“.
Може да се каже дека ветувањето „Соработка со Европскиот суд за човекови права“ е исполнето.
Линкови:
- Сител Телевизија (03.10.2012): Презентирана Збирка на референти пресуди на Европскиот суд за човекови права. [Пристапено на: 19.04.2013]
- Deutsche Welle (08.10.2012): Македонија платила 1,5 милиони евра за пресудите на Судот од Стразбур. [Пристапено на: 19.04.2013]
- Сител Телевизија (29.03.2013): Промовирана публикација со пресуди на Европскиот суд за човекови права. [Пристапено на: 19.04.2013]
- Денешен (03.10.2012): Презентација на Збирка на референтни пресуди на Европскиот суд за човекови права [Пристапено на: 05.04.2014]
- Нова Македонијс (08.10.2012) Македонија платила 1,5 милиони евра за пресудите од Стразбур [Пристапено на: 05.04.2014]
- Курир (29.03.2013): Ново 20 преведени пресуди на Европскиот суд за човекови права [Пристапено на: 05.04.2014]
- А1 ОН (01.10.2013): Промоција на „Збирка на пресуди на ЕСЧП по членот 10 – слобода на изразување“ [Пристапено на: 05.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар