ВМРО-ДПМНЕ: Соработка со Русија, Кина и Израел

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за продлабочување на пријателските односи со Руската Федерација, преку потпишување на Договор за партнерство и соработка. Особен акцент ќе биде ставен на проектите од областа на енергетиката. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги збогатува и да ги надградува политичките и економските односи со Народна Република Кина, особено во областа на инфраструктурата, инвестициите и трговијата. Нагорниот тренд во соработката меѓу Македонија и Израел и понатаму ќе биде поттикнуван со иницијативи во различни области.

Образложение:

Преземени се повеќе активности за продлабочување на соработката со Русија, Кина и Израел. Од аспект на Русија, посебно важен е договорот за соработка во изградбата на гасоводот „Јужен тек“, потпишан во 2013 година, како и договорот за соработка на министерствата за внатрешни работи на двете земји, потпишан во 2011 година. Во однос на Кина, продлабочена е соработката на полето на инфраструктурата и инвестициите, посебно со потпишувањето на договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата во 2012 година, со што се обезбедија средства за изградба на два автопата во Македонија. Исто така, преземени се иницијативи за продлабочување на соработката со Израел во повеќе различни области. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 09.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција