ВМРО-ДПМНЕ: Соработка со Турција, Словенија и Полска

Ќе се негуваат и ќе се зацврстуваат многу добрите билатерални односи на Република Македонија со Турција и Словенија, во секоја можна област и преку редовни и блиски политички и дипломатски консултации. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи и на унапредување на билатералната соработка со пријателска Полска, особено во областа на евроинтеграциите, а врз основа на започнатиот процес т.н. „Скопска конференција“ од ноември 2010 година.

Образложение:

Со оглед на општоста на ова ветување, претставува практично невозможно објективно да се анализира дали ова ветување е исполнето или не. Земајќи го тоа во предвид, ветувањето се оценува како неконкретно. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција