ВМРО-ДПМНЕ: Современ систем на национална безбедност
Ќе ја заокружиме правната рамка како основа за изградба на еден современ систем на национална безбедност, кој ќе овозможува кординација и соработка меѓу безбедносните служби, и во кој, секој од субјектите, ќе има јасно дефинирана улога и надлежност (рок: 2009 година).
Образложение:
Донесени се голем број на измени и дополнувања на законите од оваа област што води кон заокружување на правната рамка, меѓу кои и дополнување на законот за полиција, измена на законот за јавното обвинителство, измена и дополување на законот за спречување на корупцијата, измени и дополнувања на законот за спречување на перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам, измена и дополнување и пречистен текст на законот за следење на комуникациите, измена и дополнувања и пречистен текст на законот за спречување судир на интереси.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар