ВМРО-ДПМНЕ: Современ расадник за семенски и саден материјал

Преку јавно-приватно партнерство ќе овозможиме изградба на најмалку еден современ расадник за семенски и саден материјал за производство на здравствено-исправен расад. Расадниците треба да ги покријат потребите за расад во подрачјата со интензивно градинарско производство, особено југо-источниот и други региони во државата. Со расадникот ќе се овозможи подигање на здрав расад во санитарно исправни и климатско стабилни услови. [Рок: април 2013]

Образложение:

Со помош од израелската влада, во април 2013 година беше отворен првиот расадник (фарма) во Македонија за семенски и саден материјал во Свети Николе. [Ажурирано на: 30.06.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција