ВМРО-ДПМНЕ: Стандардизација

Ќе воведеме стандардизирани постапки и процедури кои ќе ги издигнеме на ниво на протокол за зголемување на квалитетот на работа во јавните и во приватните здравствени установи за оптимална здравствена грижа за пациентите, со воспоставување на стандарди и контролни механизми за следење на нивната примена. Во сегашната мрежа на здравствени установи, постојат големи разлики во постојните стандарди на опрема, кадар и инфраструктурни услови. Со поставување на стандардите и обврзување на сите здравствени установи на нивно исполнување, ќе се овозможи изедначување на условите на работа и еднаков третман и услови на сите пациенти на цела територија на Република Македонија. Стандардите ќе бидат мерливи и ќе го опфатат: целокупниот процес на лекување на пациентите од прием до испис, работа во операционите сали, службата за ургентна медицина и одделенијата за интензивна нега, квалитетот на работа во помошните служби во лекување, контрола на ширењето на инфекциите, безбедно користење на опремата, управувањето со информации и човечките ресурси во установите, раководењето со здравствените установи, поставување на приоритети и распоредување на расположивите финансиски и чове-чки ресурси за обезбедување на квалитетна и ефикасна здравствена заштита. Носител: Агенција за акредита-ција во соработка со Министерството за здравство. [Рок: Декември 2013 година]

Образложение:

Со цел зголемување на квалитетот на услуги во јавните и приватните здравствени установи, ажурирани се постојаните и донесени се нови клинички упатства според кој здравствените установи и лекарите ќе треба да се водат во процесот на лекување на пациентите.

Линкови:

Тодоров промовирање 230 ажурирани клинички упатства за медицина базирана на докази

Тодоров ќе ги намалува лекарските гршки со упатства 

Промоција на нови клинички упаства 

Оценето од: Наталија Пешиќ

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција