ВМРО-ДПМНЕ: Станови и куќи за станбено необезбедени лица
Проектот ќе опфаќа изградба на минимум 520 станбени единици во згради и во куќи на целата територија на Репу-блика Македонија. Веќе во декември 2011 ќе бидат распределени 70 станбени единици во Битола, а заклучно со 2015 година ќе бидат изградени и распределени дополнителни 450 станбени единици во 13 градови ширум државата.
Образложение:
Во изминатиот период во Битола беа изградени и предадени во употреба 78 станови.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Заврши изградбата на станови за социјално ранливите групи [Пристапено на: 16.04.2013]
- Прелиминарно распределени 78 социјални станови во Битола [Пристапено на: 16.04.2013]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар