ВМРО-ДПМНЕ: Станови за млади брачни парови
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со изградба на станови наменети за млади брачни парови на 6 објекти во Скопје со 321 стан и во зависност од потребите и слободните локации ќе ја прошири изградбата и во другите урбани центри во државата.
Образложение:
Завршена е градбата на 2 станбени објекта во Скопје со вкупно 93 станови, додека во завршна фаза со градба е 1 станбен објект во битола со вкупно 70 станови. (Отчет на ВМРО-ДПМНЕ на 45 страница)
Линкови:
- ВМРО-ДПМНЕ. (април 2011). Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2006-2011 (ПДФ). [Пристапено на 25.05.2011.]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар