ВМРО-ДПМНЕ: „Стар театар“

Со изградбата на „Стариот театар“ Република Македонија за првпат ќе добие современ театарски простор во кој ќе се негуваат уметноста и културата и ќе се реализираат содржини од сценско-уметничките дејности со високи технички перформанси. Објектот ќе биде позициониран на вкупна површина од 7200 квадратни метри, а аудиториумот ќе биде поделен на голема сала со партер и две галерии со вкупно 724 седишта и мала сала со 213 седишта. Опремата, акустиката и сцената ќе бидат според најсовремените модерни технологии. Сценската технологија и сценската механика, како и целокупната сценска површина се од модуларен тип со двојно дно. Големата сцена содржи 15 мали и две големи платформи, страничната сцена има шест движечки платформи, како и интербина со платформа со ротација. Во системите на сценски технологии има опрема од најпознати врвни светски производители за ваков тип опрема и објекти. Однадвор театарот ќе го задржи својот автентичен изглед, а објектот ќе има посебно осветлување (илуминација), со што ќе се истакнат визурите на овој објект. Носител: Министерството за култура. [Рок: прва половина на 2012 година]

Образложение:

Изградбата на Стариот театар е во тек. Иако свеченото отварањето беше најавено за првата половина на 2012 година, објектот е се уште во изградба. Министерството за култура, на отворен конкурс ја одбра претставата „Вечната Куќа“ на Плевнеш за претстава со која ќе биде отворен и пуштен во употреба старо-новиот театар.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција