ВМРО-ДПМНЕ: Стибера (Чепигово, Прилепско), Антички град
Систематски археолошки истражувања на објекти од римски период. [Рок: 2015 година] Образложение: Во 2011 година е започнато целосно археолошко истражување на локалитетот Антички град Стибера во Прилепскиот регион. Во Октомври 2012 година овој локалитет беше отворен за посетители. СПоред информациите, освен конзерваторскиот процес, се работи и на делумна реконструкција на објектите, со цел да се добие вистинска слика како изгледал овој Антички град. Во последниот период главно се работи на реконструкција на Римскиот бедем , како и доводот и одводот на вода кој се очекува понатака да се конзервира.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Посетителите ќе видат како изгледа градот меѓу две реки
- Археолошкиот локалитет Стибера спремен за претставување пред пошироката јавност
- Се конзервираат објектите на локалитетот Стибера
- Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија 2011-2014
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар