ВМРО-ДПМНЕ: Стратешко партнерство со САД
Во меѓународните односи, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го негува и да го продлабочува стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, врз основа на потпишаната Македонско-американска декларација од 2008 година. Особено внимание ќе биде дадено на продлабочувањето на стопанската, образовната и на воено-безбедносната соработка меѓу двете земји. Република Македонија ќе продолжи да биде поддржувач и сојузник во меѓународната борба против глобалниот тероризам.
Образложение:
Република Македонија останува посветена на одржување и интензивирање на стратешкото партнерство со САД. Преку испраќање на свои претставници во мировните мисии во Авганистан и Ирак, Република Македонија продолжува да биде поддржувач и сојузник во меѓународната борба против глобалниот тероризам. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 04.04.2014]
Линкови:
- Журнал (14.09.2011): Стратешко партнерство меѓу Македонија и САД. [Пристапено на: 04.04.2014]
- МК Инфо (19.07.2013): Котески: Продолжува стратeшкото партнерство со САД. [Пристапено на: 04.04.2014]
- Претседател на Република Македонија (27.01.2014): Потврден интересот за интензивирање на стратешкото партнерство со САД – средба со Хојт Брајан Ји, заменик помошникот на државниот секретар на САД. [Пристапено на: 04.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар