ВМРО-ДПМНЕ: Субвенционирање на странскиот организиран туристички промет

Ќе продолжиме со субвенционирање на странскиот организиран туристички промет и во наредните години, со што македонскиот туристички производ ќе стане поконкурентен за многуте традиционални и нови туристички пазари. Ќе се фокусираме на Холандија, Белгија, Шведска, Норвешка, Србија, Албанија, Русија, Израел, но и други земји, и ќе овозможиме покривање на дел од трошоците за патување за организирани групи на туристи од овие држави што во Македонија ќе престојуваат повеќе од три дена. Во зависност од земјата, оваа субвенција ќе се движи од 20 до 70 евра по турист. [Рок: 2013]

Образложение:

Реализиран е проектот за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет. Според информациите, од година во година се зголемува сумата на пари што се издвојува за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 10.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција