ВМРО-ДПМНЕ: Техностартери и спинаути
Универзитетите можат да добиваат битни приходи од договорни истражувања и донации, издавање лиценци, кон-султации, од компании што самите ги основаат или го поддржуваат нивното основање. Целта на овој проект е засилено охрабрување на универзитетите за нивна поинтензивна активност на полето на основање на фирми заснованина наука или технологија или на полето на давањето на поддршка на нивното основање од страна на техностартерите односно студентите или наставно−научниот кадар со изразена дарба за преземање иницијативи, одговорности ризик. Освен за комерцијализација на знаењето на универзитетите, техностартерите ќе даваат значаен придонес и за економијата со создавање на нови вработувања. Истовремено, универзитетите од овој проект ќе имаат и други придобивки како што се привлекување на повеќе студенти, научен кадар и инвестиции од стопанството. [Рок: 2015 година]
Образложение:
Ветувањето нема мерливи параметри преку кои може да се истражи дали еостварено или не е. Дополнително, во Орчетот на Владата на РМ, за ова ветување пишува дека ќе бидат доделувани грантови од 20.000 евра за кофинансирање на спиноф-компании преку Фондот за иновации и технолошки развој, што пак значи дека овие грантови до сега сеуште не се обезбедени.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија 2011-2014 стр. 194
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар