ВМРО-ДПМНЕ: Транспарентна комисија за лекови на позитивна листа

Ќе направиме измена на Законот за здравствено осигурување, по примерот на сите фондови во регионот со јасно пропишување на начинот како лекот може да дојде на позитивната листа, со што ќе овозможиме задоволување напотребите на пациентите со вистинските лекови. Важноста на позитивната листа ќе биде една година, и секоја година врз база на искуствата, од претходната годи-на и развојот на нови лекови, ќе се подготвува нова листа. Листата ќе се подготвува од посебни комисии за секоја област посебно. Овие комисии ќе бидат составени од најмалку 11 стручни лица во областа, фармацевти и експерти од сите нивоа на здравствена заштита, кои ќе сносат и конкретна одговорност за фармакоекономската анализа и препорака. Со тоа ќе се постигне транспарентност, избегнување на притисоци, оставање на одлучување на комисија формирана од врвни стручни лица од земјата и од странство од соодветната област. При составувањето на листите ќе се води сметка и за буџетските можности и за дефинирање на приоритети. Во таа насока ќе воведеме редовно објавување на записниците на комисиите на веб-страница заедно со списоците на лекови што се предмет на разгле-дување на седниците, со цел максимална отчетност на одлучувањето, како и јавно презентирање на приоритетите за лекување. Носител: Министерството за здравство. [Рок: Април 2012 година]

Образложение:

Со измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување предвидено е да бидат оформени 14 ТАС комисии кои ќе ја утврдуваат листата на лекови кои се на товар на Фондот, согласно меѓнародната класификација на лекови.

Линк:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција