ВМРО-ДПМНЕ: Транспарентни извештаи на акционерските друштва

Со законски измени ќе овозможиме секоја трансакција која е одобрена како зделка со заинтересирана страна да се објавува во годишниот извештај на акционерските друштва. Притоа, во годишните извештаи ќе бидат објавувани информации за големината на трансакцијата и начинот и постапката за нејзиното одобрување, како и објавување на податоци за фактите што се однесуваат на заинтересираната страна. Рок: јануари 2009 година.

Образложение:

Оваа законска одредба е вметната во Закон за трговски друштва со неговите промени во 15.07.2008 година.

Линкови

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција