ВМРО-ДПМНЕ: Tранспарентност во преговорите и договорите на ФЗОМ со сите здравствени установи

Ќe обезбедиме уште поодговорно управување со ФЗОМ како и поголема транспарентност и отчетност пред јавноста, подобра дистрибуција на информациите до населението и подобрена соработка и размена на ин-формации меѓу сите заинтересирани страни. Ќе обезбедиме транспарентност во преговорите и договорите на ФЗОМ со сите здравствени установи и формирање на официјално тело – Мултилатерална комисија составена од Министерството за здравство, Управниот одбор на ФЗОМ во кој се вклучени и Синдикатот и осигурениците, трите комори заедно со професионалните здруженија на здравствени работници (приватни општи матични лекари, офталмолози, стоматолози, гинеколози, педијатари, медицина на труд, кардиолози, онколози, хематолози, трансфузиолози, хирурзи, оториноларинголози, максилофацијални хирурзи, ортопеди и трауматолози, гастроентерохепатолози, нефролози, ендокринолози, инфектолози, дерматовенеролози, ревматолози и др.) за решавање на сите тековни и долгорочни проблеми заедно. Истовремено, ќе продолжиме со ангажирање на еден странец со меѓународно искуство за директор на ФЗОМ како кодиректор. [Рок: Јануари 2012 година]

Образложение:

Нема информации за исполнување на ова ветување, а зададениот рок е поминат

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција