ВМРО-ДПМНЕ: Транзитен центар за 24-часовно сместување на деца на улица

Планираме отворање на Транзитен центар за 24-часовно сместување на деца на улица, преку кој ќе се преземат мерки и активности за деноноќна грижа за овие деца, како и отворање на дневни центри за деца на улица во Прилеп и во Охрид. [Рок: декември 2013]

Образложение:

Првиот 24-часовен Транзитен центар за згрижување деца беше свечено пуштен во скопската населба Гази Баба на 22.09.2011. [Ажурирано на: 27.10.2011]

Вакви  дневни центри покрај Скопје  има во Битола (отворен во 2010) и Охрид, а во фаза на отворање е во Прилеп.   [Ажурирано на: 14.04.2014]

На 27 март 2014 година претседателот Ѓорѓе Иванов на митинг во Прилеп зборувајќи за конкретни мерки за евентуален втор мандат, рече: „Солидарноста се гради со секоја отворена народна кујна. Со секој изграден стан за наши сограѓани кои се социјално ранливи. Со дневен центар за деца на улица“. [Ажурирано на: 14.04.2014]

Со оглед на тоа што проектот не е реализиран целосно, ова изборно ветување  е делумно исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција