ВМРО-ДПМНЕ: Тренинг-центри за туризам
Ќе поддржиме креирање на тренинг-центри за туризам и угостителство, преку обезбедување ваучери за финансиска поддршка и за кофинансирање на вработените во туризмот во период од четири години, кои ќе ги дадеме на компаниите што се заинтересирани за практична обука. Во овие центри за обука компаниите кои се занимаваат со туризам и угостителство ќе можат да ги испратат своите вработени за да го унапредат своето знаење и да го подигнат квалитетот на своите услуги. [Рок: 2012-2015]
Образложение:
Во феруари 2013 почна изградбата на едукативниот тренинг центар за туризам во Демир Капија, кој беше целосно завршен во септември, а пуштен во употреба во ноември 2013 година.
Со оглед на тоа што нема информации за креирање на други вакви центри во државата, ова ветување, сепак, е неисполнето.
Линкови:
- А1on (21.02.2013): Се гради едукативен тренинг центар за туризам во Демир Капија. [Пристапено на: 24.04.2013]
- Сител Телевизија (08.03.2013): Едукативен тренинг центар за туризам во Демир Капија во соработка со Грција и ЕУ
- Сител (21.02.2013): Се гради едукативен центар за туризам во Демир Капија [Пристапено на: 06.04.2014]
- Нова Македонија (21.09.2013): Изграден едукативниот тренинг центар во Демир Капија [Пристапено на: 06.04.2014]
- Региони (07.11.2013): Пуштен во употреба едукативниот центар во Демир Капија [Пристапено на: 06.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар