ВМРО-ДПМНЕ: Центри за давање на помош во домашни услови на изнемоштени лица

Планираме отворање Центри за давање на помош во домашни услови на изнемоштени стари и други возрасни лица во општините Гази Баба – рок: 2011, Чаир – рок: 2012, град Скопје – рок: 2011, Карпош – рок: 2012, Велес – рок: 2013 и Тетово – рок: 2014, преку искористување на сите можни ресурси на локалната самоуправа и граѓанските организации за овозможување на поквалитетен живот на старите лица во домашни услови. Носител: Министерството за труд и социјална политика преку Центрите за социјални работа во соработка со локална самоуправа и невладин сектор. Буџет: 12 милиони денари.

Образложение:

Не постојат информации дека во 2011 година се отворени вакви центри во Гази Баба и Скопје.

На 30.03.2012 година, Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, Градот Скопје и Црвениот крст на Град Скопје, потпишаа Договор за соработка, за отворање на два нови центри за давање помош во домашни услови. Овие дневни центри треба да бидат лоцирани во Чаир и во Центар. Според најавите, нивната изградба би требало да трае 12 месеци. [Ажурирано на: 09.04.2012]

Во јуни 2012 година беа отворени два нови центри за давање помош во домашни услови, во општините Чаир и Центар. [Ажурирано на: 23.04.2013]

Заклучно со 2012 година нема информации дека ваков центар е отворен во Карпош. [Ажурирано на: 23.04.2013]

На 18 ноември 2013 година гадоначалникот на Велес, Славчо Чадиев го претстави тимот волонтери кои во наредните шест месеци ќе бидат вклучени во проектот „Грижа за стари лица во домашни услови“. Тимот кој ќе врши посета во домовите на стари и изнемоштени лица во Велес ќе биде составен од две медицински сестри, шест негувателки и еден физиотерапевт. Со проектот во моментот се опфатени 28 лица, а вкупната бројка ќе изнесува 60 стари лица, кои ќе бидат избрани од Центарот за социјална работа. [Ажурирано на: 09.04.2014]

Во февруари 2014 е реновиран Дневниот центар за стари лица во Маџари (Општина Гази Баба) [Ажурирано на: 09.04.2014]

Заклучно со април 2014 година нема информации за  вакви центри во Карпош и во  Тетово. [Ажурирано на: 09.04.2014]

Иако се направени  активности на овој план, сепак, проектот не е реализиран во целост.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција