ВМРО-ДПМНЕ: Туристички информативни центри

Ќе ја прошириме мрежата на „Tуристичките информативни центри“ во Република Македонија по должината на коридорите 8 и 10 со најмалку шест центри, и секаде каде ќе се јави потреба во позначајните туристички локации, со цел промоција на туристичкиот потенцијал на Македонија на транзитните туристи и привлекување на нивното внимание. Мрежата на туристичките центри ќе биде снабдена со целокупен промотивен материјал. Ќе ја зајакнеме улогата на туристичките информативни центри по примерот на развиените земји каде ваквите центри им обезбедуваат на гостите информации за локалните и регионалните и националните туристички објекти, атракции, сместување и услуги, имаат можност да им обезбедат сместување, изнајмување на автомо-бил, им понудуваат различни пакети на тури итн. Носител: Македонска национална туристичка организација во соработка со Министерството за транспорт и врски и Министерството за економија. [Рок: 2012 – 2013]

Образложение:

Во 2013 година беше отворен туристичко информативен центар во Стар Дојран. Не постојат информации дека се отворени други туристички информативни центри во земјата. Дополнително, во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014, воопшто не е споменат овој проект. Со оглед на тоа дека е ветено отворање на најмалку шест центри, а досега е отворен само еден, ова ветувањето се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција