ВМРО-ДПМНЕ: Унапредување на методите за трансплантација

Ќе продолжиме со унапредување на методите за трансплантација на ткива и органи, со посебен акцент натрансплантација на бубрези и на црн дроб во јавното здравство. За таа цел, постепено ќе го зголемуваме бројот на интервенции на годишно ниво, преку зголемени инвестиции во опрема и едукација на кадар. Ќе работиме на интензивирање на координацијата помеѓу комплементарните клиники, кои учествуваат во овие мултидисциплинарни постапки. Со трансплатацијата на бубрезите ќе се намали бројот на пациенти кои мораат да одат на дијализа, ќе се зголеми квалитетот на живот кај овие пациенти, а средствата ќе бидат пренасочени кон развој на новите услуги. Носител: Министерството за здравство. [Рок: Јуни 2012 година]

Образложение:

На 21.05 ФЗОМ предложило мерки за унапредување на методите за трансплатација на органи кои би придонеле за развој на оваа гранка во здравството во Р. Македонија. Според ФЗОМ, во наредниот период ќе се подготвува програмата за трансплантација, активности за обезбедување медицински тимови и нивна едукација во центрите за трансплантација во Хрватска, назначување на национален координатор за трансплантација и да се оформување на мрежа на болнички трансплантациски координатори.

Линк:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција