ВМРО-ДПМНЕ: Унапредување на проценката на влијанието на регулативата – РИА

Проширување на обврската за државните институции за проценка на влијанието и на подзаконските акти коишто се извор на најголемите административни бариери; Воведување на РИА во собраниските процедури; Воведување на проверка за влијанието на регулативата врз малите и врз средните претпријатија, со што ќе се спроведуваат посебни анализи за можно изземање на малите и средни претпријатија од конкретни регулаторни оптоварувања; Спроведување на обуки на бизнис-заедницата и невладините организации за активно вклучување во процесот РИА. [Рок: 2011 – 2015 година]

Образложение:

Во текот на месец  декември 2011 година, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски  ја презентираше проценката на влијанието на регулативата РИА.  Со цел унапредување на РИА надлежностите во  подобрувањето на регулаторните реформи од Кабинетот на потпретседателот на Владата за економски прашања  ги презеде Министерството за информатичко општество и администрација.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови: 

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција