ВМРО-ДПМНЕ: Веб-страници на јавните здравствени установи

Ќе воведеме обврска со што секоја здравствена установа јавно на веб-страницата ќе ги објавува сите носители на дејности и сите лекари во здравствената установа, со определување на деновите и времето кога се на смена, со што секој пациент ќе може да се информира за расположливоста на лекарите, со цел да се олесни закажувањето на посетите и контролните прегледи. Носител: Министерството за здравство. [Рок: Декември 2011 година]

Образложение:

Од вкупно 109 здравствени установи само 11 имаат веб страници (ЈЗУ, Геронтолошки завод „13 Ноември “- Скопје, Ремедика – Скопје, Универзитетска клиника за Токсикологија – Скопје, Универзитетска клиника за радијологија – Скопје, Клиника за ортопедски болести – Скопје, Универзитетска клиника за неврологија – Скопје, Неуромедика, Специјална болница по гинекологија и акушерство „Св. Лазар Хоспитал“ – Скопје, Аџибадем Систина, Специјална болница „Филип Втори“ , Институт за Јавно здравје). Од нив, само приватните здравствени установи делумно ги исполнуваат  стандардите дадени во ова ветување, односно на ниедна од веб-страиците не беа пронајдени листи со доктори и нивни смени.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција