ВМРО-ДПМНЕ: Велес – Штип
Со изведба на рехабилитација на коловозната конструкција со надградба и проширување согласно со теренската поставеност на патот, ќе се подобрат условите за движење и поврзување од Коридорот 10 кон Штип до спојот со новопланираното автопатско решение до Штип. Вредноста на зафатот за подобрување и проширување на делниците од овој потег се планира да биде околу 5 милиони евра. [Рок: 2014 – 2015*]
Образложение:
Во текот на месец октомври 2013 година, започна изградбата на патниот правец Велес-Штип. Првиот дел од реконструкцијата на оваа делница започна со реконструкција на Велес-Лозово- Сарамазалино. Што се однесува на другите 2 фази од овој проект, односно делницата Трета лента – Лозово и делницата Лозово-Сарамзалино– Кадрифаково, се очекуваат да се завршат во 2015 година.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- 15 милиони евра за надградба на патот Велес – Кадрифаково [Пристапено на: 07.04.2014]
- Започна реконструкцијата на делницата од Велес до Кадрифаково [Пристапено на: 07.04.2014]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар