ВМРО-ДПМНЕ: Вештачка карпа
Владата преку агенцијата за млади и спорт ќе започне со изградба вештачка карпа, која ќе биде лоцирана во Општина Карпош. Ултра модерна, највисока карпа на Балканот, која ги исполнува сите стандарди за одржување светски и европски меѓународни натпревари со можност за посетители на истите, лоцирана во спортски центар покрај кејот на Вардар, во непосредна близина на салата „Борис Трајковски“. Рок: 2010
Образложение:
Со задоцнување од 2 години од рокот даден во Преродбата, ставен е камен темелник за изградба на вештачката карпа на 22 февруари 2011. Според очекувањата вештачката карпа треба да биде завршена во рок од 12-18 месеци.
Линкови:
- Влада на РМ (22.02). Поставен камен-темелник за изградба на вештачка карпа за спортско качување. [Пристапено на: 19.05.2011]
- Net Press (22.02.2010). Поставен камен темелникот за изградба на ”Вештачка карпа за спортско качување”. [Пристапено на: 19.05.2011]
- Сител (22.02.2010). Поставен камен-темелник за изградба на вештачка карпа за спортско качување. [Пристапено на: 19.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар