ВМРО-ДПМНЕ: Влада 2.0
Овој проект опфаќа понатамошен развој на системот за интероперабилност, каде што сите 138 документи и 60 услуги што ги издаваат државните институции за потребите на граѓаните ќе бидат достапни преку Интернет. Со користење на дигитален потпис преку Интернет институциите ќе можат да разменуват официјални документи, решенија, лиценци и сл. по барањата на граѓаните. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 1.75 милиони евра. [Рок: 2013 – септември 2015]
Образложение:
Заклучно со март 2014 година, овој проект е започнат и е во тек. Според информациите од Министерството за информатичко општество и администрација, во тек се активностите за поврзување на уште 25 државни институции во системот. Ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 03.04.2014]
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Сител Телевизија (24.10.2013): Програмата е-Влада отворена за приватниот сектор. [Пристапено на: 03.04.2014]
- ВМРО-ДПМНЕ: Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014 [Пристапено на: 03.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар