ВМРО-ДПМНЕ: Влез на нови пазари
Преку кофинансирање во износ од 5.000 евра ќе обезбедиме финансиска поддршка за компаниите за изработка на физибилити- студии за влез на нови пазари. Целта на проектот е да се овозможи пристап за македонските компании до информации за издржаноста на нивните проекти за влез на нови пазари. На тој начин ќе се поддржи квалитетот во одлучувањето за инвестирање. [Рок: Јануари 2012- континуирано]
Образложение:
Со донесувањето на оваа мерка овозможена е финансиска поддршка на македонските компании во вид на кофинансирање во износ до 5.000 евра за изработка на студии за влез на нови пазари. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 15.04.2014]
Линкови:
- Журнал (06.09.2012): Компаниите треба да го пренасочат извозот за да го зголемат. [Пристапено на: 15.04.2014]
- Министерство за економија на Република Македонија (29.04.2013): Сараќини во посета на индустрска зона Визбегово. [Пристапено на: 15.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар