ВМРО-ДПМНЕ: Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“
Ќе продолжиме да ги развиваме капацитетите на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, во функција на развој на системот за образование и обука во Министерството за одбрана и АРМ.
Образложение:
Со оглед на тоа дека во ова ветување не е јасно напоменато кои конкретни активности ќе бидат преземени со цел да се продолжи со развивање на капацитетите на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, претставува практично невозможно објективно да се анализира дали ова ветување ќе биде исполнето или не. Земајќи го тоа во предвид, ветувањето се оценува како неконкретно. [Ажурирано на: 02.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар