ВМРО-ДПМНЕ: Воспоставување на инфо-центар 24/7 во рамките на Министерството за надворешни работи
Цел на овој проект е поголема достапност до сите информации за работата и услугите на Министерството надворешни работи, за сите засегнати граѓани и странки. Истото ќе допринесе за побрзото информирање, но и извршување на потребите на сите оние засегнати граѓани, а со цел да се олесни пристапот до информациите и услугите. Инфо-центарот покрај тоа што ќе биде достапен 24 часа, 7 дена во неделата, по телефонска линија, истиот ќе биде достапен и по најновите Интернет и мобилни платформи на социјалните мрежи како: Вибер, Скајп, Фејсбук, Твитер. Рок: [Септември 2014 година]
Образложение:
Овој проект е предвиден во Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за период 2014-2018. Истиот беше најавен од страна на Министерот за надворешни работи Никола Попоски за време на предизборната кампања во изборната единица 6 (општина Јегуновце) каде Попоски беше носител на кандидатска листа за пратенции на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија”. [Пристапено на 26.03.2015]
“Цел на овој проект е поголема достапност до сите информации за работата и услугите на Министерството надворешни работи, за сите засегнати граѓани и странки. Тој ќе придонесе за побрзото информирање, но и извршување на потребите на сите оние засегнати граѓани, а со цел да се олесни пристапот до информациите и услугите. Инфо-центарот покрај тоа што ќе биде достапен 24 часа, 7 дена во седмицата преку телефонска линија, ќе биде достапен и по најновите интернет и мобилни платформи на социјалните мрежи како: Вибер, Скајп, Фејсбук, Твитер”, истакна Попоски. [Пристапено на 26.03.2015]
Нема информации дека е спроведен или започнат овој проект. Веб порталот на Министерство за надворешни работи не содржи информации за било какви активности околу започнување или реализација на овој проект. Министерството за надворешни работни нема јавно достапни стратешки документи или извештаи за сработено каде би можело да се процени статусот на реализација на оваа активност. На социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер) има профил на Министерот за надворешни работи, но не и на Министерството за надворешни работи или пак на најавениот Инфо-центар. Според тоа, можеме да заклучиме дека ова ветување не е исполнето.
Линкови:
- Извор: Проверено – Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ (2014 – 2018), (Надворешни работи, европски и евроатлански интеграции, Страна 252)
- http://www.mojotizbor.mk/images/programi2014/vmro-2014.pdf
- Нетпрес (21.04.2014):Попоски 24/7 Инфо-Центар во МНР [пристапено на 26.03.2015]
- http://netpress.com.mk/poposki-24-7-info-centar-vo-mnr/
- Курир (21.04.2014):Проектот Инфо Центар 24/7 е наменет за поголема достапност на услугите на МНР [пристапено на 26.03.2015]
- http://kurir.mk/makedonija/vesti/155418-Poposki-Proektot-Info-Centar-247-e-namenet-za-pogolema-dostapnost-na-uslugite-na-MNR-#
- Ирис (21.04.2014):Попоски во тетовско го промовираше проектот Инфо Центар 24/7 во дипломатијата [пристапено на 26.03.2015]
- http://iris.mk/agenciski/makedonija/prikazi/1398086820.poposki_vo_tetovsko_go_promovirashe_proektot_info_centar_24_7_vo_diplomatijata
Оценето од: Милена Јосифовска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар