ВМРО-ДПМНЕ: Воведување на ИСО и ЦАФ стандарди

Секоја државна инситуција задолжително ќе мора да се сертифицира и да го воведе светски познатиот стандард за квалитет ИСО 9001 и ЦАФ (Common Assessment Framework). Со тоа ќе се воведат јасни процедури за управување на институцијата, според светски норми и стандарди, како и модели на управување и јакнење на човековите ресурси. Носител: Министерство за информатичко општество и администрација. Буџет: 5 милиони евра. [Рок: 2011 – декември 2014*]

Образложение:

Според Министерството за информатичко општество и администрација, досега 6 институции се сертифицирани, 3 институции се во фаза на сертифицирање, 9 институции се во фаза на примена на документираните процедури, а 26 од нив се во фаза на воведување и документирање на процедурите во нивното работење. [Ажурирано на: 10.11.2011]

На 13 јули 2012 година, министерството за информатичко општество и администрација го доби сертификатот за воведување на ИСО 9001 стандардот од страна на сертификациската куќа ТУВ Австрија. Системот е целосно ставен во функција на почетокот на 2012 година. [Ажурирано на: 13.07.2012]

На почетокот на 2013 година и Министерството за економија го доби сертификатот ИСО 9001. [Ажурирано на: 10.04.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Реформа на администрацијата“, за проектот „ Воведување на ИСО и ЦАФ стандарди “ е наведено:

Сертификацијата за стандардот за квалитет ИСО 9001 ја завршија 40 институции. Во крајна фаза на сертификација и имплементација се 57 институции. [Ажурирано на: 10.14.2014]

Иако, има активности за реализација на овој проект, сепак, бидејќи  тој не е целосно завршен, ветувањето:„Воведување на ИСО и ЦАФ стандарди“ е делумно исполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција