ВМРО-ДПМНЕ: YES-инкубатори
Отворање на YES-инкубатори за зголемување на капацитетите на невработените лица во соработка со УСАИД во шест центри за вработување – Радовиш, Струмица, Битола, Прилеп, Тетово и Гостивар. [Рок: септември 2011]
Образложение:
Во јануари 2011 година, во соработка со УСАИД отворени се YES-инкубатори во Тетово, Битола и Струмица. На почетокот на 2012 година, мрежата на YES-инкубатори се прошири и во Прилеп, Штип и Гостивар. Со отворањето на YES-инкубатори во шесте предвидени градови, ова ветување е исполнето, но сепак мора да се забележи дека рокот за исполнување на ова ветување не е запазен, односно имаме задоцнување од неколку месеци. [Ажурирано на: 07.04.2012]
Линкови:
- USAID (16.02.2012): Прилеп, Штип и Гостивар – трите нови општини вклучени во проектот Мрежа ЈЕС. [Пристапено на: 07.04.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар