ВМРО-ДПМНЕ: Забрзани и скратени постапки и процедури

Ќе ги забрзаме и ќе ги скратиме постапките и процедурите во реализацијата на правата на осигурениците во врска со решенијата што ги издава ФЗОМ. Со соодветни законски измени, ќе овозможиме пациентите директно да можат се обратат до Управниот суд, а не како досега прво да поднесуваат жалба до Министерството за здравство, па дури потоа до Управниот суд. Спроведувањето на оваа мерка ќе овозможи растоварување на административноста, задржување на ефикасноста, скратување на времето за решавање на предметите (рефундации, лекување во странство итн.) преку директна надлежност на второстепеност, односно Управниот суд. Носител: Министерството за здравство во соработка со ФЗОМ. [Рок: Континуирано до крајот на мандатот]

Образложение:

Нема информации дека ова ветување е исполнето. Исто така, ветувањето го нема во Отчетот на Владата за сработеното 2011-2014 година.

Оценето до: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција