ВМРО-ДПМНЕ: Закон за прогласување на Старото градско јадро на Кратово за културно наследство

Причина за донесување на законот претставува потребата за официјализирање на протекторскиот статус на Старото градско јадро на Кратово, изразен преку неговата категоризација заради вредностите што ги има, со што се определува степенот на значење на културното наследство од јавен интерес во функција на пропишување на соодветен режим на заштита, утврдување на приоритетите во заштитата, разграничување на надлежностите и примена на ратификуваните меѓународни договори.Со Законот, ќе се создадат услови за активно вклучување на предметното добро во современиот развој на локалните заедници и државата и создавање услови за негова ефективна заштита и функционално користење во научно основани граници. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Законот за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство сеуште не е донесен.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција