ВМРО-ДПМНЕ: Закон за прогласување на старото градско јадро на Крушево за културно наследство

Несомнено, градот Крушево со сите вредности што ги поседува, а особено поради историските, уметничките, архитектонските, урбанистичките, амбиенталните и етнолошките богатства е значаен споменик на културата во Република Македонија. Со Законот ќе се уредат клучните прашања во поглед на практичните аспекти на заштита на едно конкретно заштитено добро – споменичната целина „Старо градско јадро на Крушево“, во смисла на негова идентификација, граници на споменичната целина, контактни зони, режим на заштита и управување со предметното добро.Со Законот ќе се придонесе кон спречување на дејства, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување, уништување или деградирање на споменичната целина. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Закон за прогласување на споменичката целина Крушево за културно наследство од особено значење е донесен во април 2012 година.

Крајниот рок на овој проект е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 Април 2014 година.

Линк:

Закон за прогласување на споменичката целина Крушево за културно наследство од особено значење е донесен во април 2012 година 

Закон за прогласување на споменичката целина Крушево за културно наследство од особено значење

Оценето од: Наталија Пешиќ

 


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција