ВМРО-ДПМНЕ: Закон за води
Ќе го донесеме законот за води (Рок: 2008 година) и придружните под законски акти во согласност со директивите на ЕУ;
Образложение:
Законот за води е донесен на 09.02.2009 година и со него уредуваат прашањата коишто се однесуваат на површинските води, вклучувајќи ги и постојните водотеци или водотеците во коишто повремено тече вода, езера, акумулациите и изворите, подземните води, крајбрежното земјиште и водните живеалишта и нивното управување вклучувајќи ги и распределбата на водите, заштитата и зачувувањето на водите, како и заштитата од штетното влијание на водите, водостопанските објекти и услуги, организациската поставеност и финансирањето на управувањето со водите, како и условите, начинот и постапката под кои можат да се користат или испуштаат водите.
Линкови:
- Министерство за животна средина и просторно планирање. Листа со закони и подзаконски акти – Води. [Пристапено на: 21.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар