ВМРО-ДПМНЕ: Заложни хипотекарни права
Префрлање на преостанатите запишани заложни права од интабулациските книги во регистарот на Катастарот. Сите преостанати запишани заложни права врз недвижности (хипотеки) и други права од интабулациските книги што се водат во судовите ќе ги пренесеме во регистарот на катастарот. Рок: декември 2008 година
Образложение:
Во Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ на страна 23 пишува дека во тек е реализацијата на проектот Електронска соработка помеѓу нотарите, катастарот и централниот регистар за поевтино и побрзо обез бедување на заложните и на хипотекарните права.
Линкови:
- ВМРО-ДПМНЕ. (април 2011). Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2006-2011 (ПДФ). [Пристапено на 25.05.2011.]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар