ВМРО-ДПМНЕ: Заштита на шумите од дива сеча
Ќе обезбедиме поголема заштита на шумите од дива сеча преку зајакнување на капацитетите на шумската полиција со човечки ресурси, материјално технички средства и обука на вработените. Ќе донесеме нов закон за соодветно регулирање на правата и обврските на припадниците на шумската полиција согласно со спецификата на дејноста. Носител: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. [Рок: март 2012]
Образложение:
Заклучно со март 2012 година, до кога е рокот за исполнување на ова ветување, нов закон со кој ќе се регулираат правата и обврските на припадниците на шумската полиција не е донесен. Според изјавата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, дадена на 28.03.2012, се уште се работи на новиот закон за шумска полиција. [Ажурирано на: 09.04.2012]
Линкови:
- Министерство за земјоделството, шумарство и водостопанство (28.03.2012): Министерот за земјоделство Љупчо Димовски одржа работен состанок со претставници на Синдикатот на работниците од управата. [Пристапено на: 09.04.2012]
- Pravo.org.mk: Закон за шумите. [Пристапено на: 09.04.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар